Четири од пет за гостинските екипи во НБА ноќта

Екипите кои гостуваа во НБА лигата победија на четири од петте ноќешните натпревари. Максималниот ефект на гостите го расипа Бостон кој загуби кај Јута, Милвоки постигна 130 поени против Филаделфија, а најефикасен играч на вечерта беше Кармело Ентони од Њујорк со 44 поени, сепак недоволни да го спаси својот тим од пораз.

Постигнати резултати: Филаделфија – Милвоки 110:130, Детроит – Голден Стејт 96:104, Њујорк – Далас 108:110, Њу Орлеанс – ЛА Клипрес 110:123 и Јута – Бостон 110:98.

Вечерва се играат седум натпревари: Кливленд – Торонто, Индијана – ЛА Лејкерс, Вашингтон – Орландо, Атланта – Чикаго, Денвер – Портланд, Феникс – Минесота и Сакраменто – Хјустон.

Пласман Источна конференција: Индијана 42-13 (победи-порази), Мајами 40-14, Торонто 31-25, Чикаго 29-26, Вашингтон 28-28, Бруклин 26-28, Шарлот 27-30, Атланта 26-29,…

Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 43-14, Сан Антонио 40-16, Хјустон 38-18, ЛА Клиперс 39-20, Портланд 38-18, Голден Стејт 35-22, Далас 35-23, Феникс 33-22,.

]]>

Најчитани вести