Повеќемина навивачи на Борусија Дортмунд завршија во болниците во Санкт Петербург

Над 1.000 навивачи на Борусија Дортмунд се во Санкт Петербург, каде попладнево „Милионерите’’  играат против екипата на Зенит во првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите. Германскиот весник „Билд’’ пренесува дека навивачите на европскиот вицепрвак Борусија Дортмунд во повеќе наврати биле напаѓани од навивачите на рускиот Зенит.

Меѓу другото регистрирани се и напади со ладно оружје. Уште вчера неколку навивачи на Борусија биле нападнати во локален ресторан, по што се пренесени во болница, информира весникот. Раководството на Борусија упати апел до нивните навивачи, да не ги напуштаат хотелите со дресови, шалови или други навивачки предмети, за да не бидат препознаени и нападнати.

Средбата меѓу Зенит и Борусија Дортмунд почнува во 18 часот.

]]>

Најчитани вести