На фотографиите се гледа дворот на ОУ „Гоце Делчев“ во Ресен, каде што во 1999 година беше фрлена првата лопата бетон и означен стартот на изградбата на новото игралиште, објаснуваат од СДСМ Ресен и додаваат дека тогаш до „втора лопата работата не стигна“.
-Читајќи ги ветените, а нереализирани активности од 1998-2002 година, ВМРО-ДПМНЕ го реинкарнираше проектот за изградба на игралиште во ова ресенско училиште и истото по втор пат го вети во Програмата за Парламентарните избори во 2006-тата. И така, уште во 2007-тата се случи „втората лопата“ и второ означување на стартот на градежните активности. Се поставија темелите и толку од лопатите. Отогаш наваму овој проект постои само во отчетите на ВМРО-ДПМНЕ, велат во своето соопштение ресенските опозиционери.
СДСМ Ресен праша има ли намера ВМРО-ДПМНЕ да го реализира, овој, во секој изборен циклус ветуван проект?
-Ќе има ли и третта лопата, за после два пати пу-пу не важи, дефнитивно да тргне работата, на трета мајка, иронично прашуваат од СДСМ Ресен.
]]>





