Кошаркарите на Индијана ја продолжија серијата победи и го задржаа најдобриот скор во НБА лигата откако ноќеска на домашен терен ги победија „Лејкерси“ со 118:98.
Седум играчи кај победничкиот тим постигнаа двоцифрен број поени, а најефикасен од нив беше Пол Џорџ со 20.
На другите дуели беа постигнати следниве резултати: Кливленд – Торонто 93:99, Вашингтон – Орландо 115:106, Атланта – Чикаго 103:107, Денвер – Портланд 95:100, Феникс -Минесота 101:110 и Сакраменто – Хјустон 103:129.
Вечерва се играат десет натпревари: Филаделфија – Орландо, Бостон – Атланта, Чикаго – Голден Стејт, Далас – Њу Орлеанс, Мемфис – ЛА Лејкерс, Оклахома Сити – Кливленд, Сан Антонио – Детроит, Јута – Феникс, Портланд – Бруклин и ЛА Клиперс – Хјустон.
Пласман Источна конференција: Индијана 43-14 (победи-порази), Мајами 40-14, Торонто 32-25, Чикаго 30-26, Вашингтон 29-28, Бруклин 26-28, Шарлот 27-30, Атланта 26-30,…
Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 43-14, Сан Антонио 40-16, Хјустон 39-18, Портланд 39-18, ЛА Клиперс 39-20, Голден Стејт 35-22, Далас 35-23, Феникс 33-23,.
]]>


