Додека да се решат старите никнаа илјадници нови дивоградби

Општината Чаир лани побарала пресметка на комуналии од Град Скопје во само 14 случаи, како неопходен дел од постапката за издавање одобрение за градба на територијата на главниот град. Тоа значи дека во една од централните општини во Скопје со околу 65 000 жители, во 2012 почнале да се градат или доградуваат се на се 14 куќи, згради, деловни и комерцијални објекти. Општината Шуто Оризари пак со 20 800 жители лани побарала Градот да пресмета комуналии само во два случаи, што е големо зголемување од 2011-тата кога од оваа локална власт не пријавиле градба или реконструкција на ниту еден објект. Склучени договори по општини *

Општина
2012
2011
2010
2009
2008
2007
2006
Аеродром
108
54
46
46
34
57
34
Бутел
84
80
88
74
92
108
45
Центар
228
291
310
272
301
291
175
Карпош
349
390
246
627
368
294
162
К.Вода
174
130
100
72
164
188
54
Г.Баба
60
80
54
62
154
147
56
Ѓ.Петров
90
56
54
68
76
82
50
Чаир
14
54
54
60
202
101
79
Ш.Оризари
2
0
6
10
12
16
3
Вкупно
1109
1135
958
1291
1403
1284
658
  1. * добиено од Град Скопје, по барање за пристап до информации од јавен карактер

Овие бројки не би биле толку интересни доколку не се направи една кратка обиколка на овие општини. На терен лесно се добива впечаток дека има многу поголем број нови и објекти во тек на градба отколку побараните пресметки за комуналии. Оваа забелешка не важи само за посочените две општини, туку и за сите други во главниот град, но се само помалку изразени за „голо“ око. Како и да е логиката е едноставна- ако на терен има повеќе објекти отколку оние за кои е барана пресметка на комуналии за добивање градежна дозвола, тогаш некои од нив се дивоизградени. Закон ги намали но далеку од тоа дека ги острани дивоградбите Проблемот со т.н. дивоградби воопшто не е нов за Македонија. Последниот обид да се стави ред во оваа дејност датира од почетокот на 2011-тата година со носењето на Закон за легализација на бесправно изградени објекти. Со одредбите Владата им даде рок на граѓаните, фирмите, институциите до есента истата година да поднесат барање за легализација на бесправните објекти. Стигнаа околу 350 000 барања, во најголем дел семејни куќи низ целата земја. Додека локалните власти се уште ги разгледуваат илјадниците документи, сепак се градат нови дивоградби. Според бројките на државниот завод за статистика сега се градат помалку дивоградби од порано, но разликата не може да се каже дека е драстична.

Година
Нови дивоградби во РМ
Споредбено со претходната година
Нови дивоградби во Скопје
Споредбено со претходната година
2012
1 403
ê  0,64%
622
ê 5,6 %
2011
1 412
ê 13,4 %
659
ê 3,7 %
2010
1 630
ê 11,3 %
684
ê 5,1 %
2009
1 818
/
721
/
  1. * извор Државен завод за статистика

Иако е главен град на земјава, најмногу новирегистрирани дивоградби има во Скопје. Со по околу сто годишно предничат токму урбаните општини- Аеродром, Центар, Чаир. Во некои локални самоуправи се карактеристични дивоизградени огради, настрешници, тераси, во други цели куќи, деловни објекти или пак доградби. Но бројките од заводот за статистика не ја даваат комплетната слика за бројот на нови дивоградби. Нивните податоци го претставуваат она што локалните инспекции успеале да го регистрираат како нова дивоградба. Бесправно изградените објекти кои се уште не се откриени не се дел од оваа статистика. Колку ги има тешко е да се претпостави, но сигурно се во значителен број бидејќи за речиси половина општини во Република Македонија Заводот за статистика има внесено знак „/“ на местото каде треба да стои колку нови дивоградби се регистрирани. Онаму каде пак има бројка за регистрирани нови дивоградби, или повеќе од половина од општините, значи и дека локалните служби почнале со некакво постапување по нив. Дали пак процесот завршува само со регистрација или пак истите се отстранети нема податок. Како и да е, доколку темпото продолжи, а новите бесправно изградени објекти не се отстранат, за неколку години повторно ќе се собират десетици илјади нови дивоградби. Зависно од однесувањето на општините, трендот до некаде може да го загрози и сегашниот обид конечно да се реши ова прашање.  cair Ретко на која општина ѝ се „слуша“ за проблемот Зошто постојано никнуваат нови дивоградби и како ги решаваат одлучивме да ги прашаме дел од скопските општини кои предничат или по бројот на нови дивоградби или по малиот број пресметки за комуналии. Локалните власти во Карпош, Шуто Оризари и Чаир и по речиси цел месец чекање не не удостоија со одговори за проблемот. Став стигна само од општината Аеродром. – “Најчести причини поради кои граѓаните продолжуваат бесправно да градат се економски, како и навики од минатото… Со новите дивоградби Општина Аеродром се справува со навремена реакција во почетниот стадиум на градба… Општина Аеродром има доволно средства за да постапува по тековните предмети од областа на урбанизмот… Дел од бесправно изградените објекти се отстранети, а дел се во постапка… Општина Аеродром континуирано се справување со диво изградените објекти, преку активен ангажман на инспекциските служби.“- гласат одговорите на нашите пет прашања до општината Аеродром. Градските власти ургирале да се засилат инспекциите Една од причините што за ова истражување за пример ги зедовме скопските општини е одредениот степен на централизираност на дел од надлежностите. Имено добар дел од податоците за сите 10 општини можат да се добијат од едно место- Градот Скопје. Според Законот, главниот град како единица на локалната самоуправа нема своја надлежна инспекција по ова прашање, но скопските општини мора да им побараат пресметка/договор за комуналии пред да издадат одобрение за градба за објектите во населените места кои се наоѓаат во границите на Град Скопје. Прашан на темата, за потребите на ова истражување, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски вели дека се свесни за проблемот. Притисокот вели засега е фокусиран на големите градби, кои можат да направат сериозни проблеми во комуналната сфера. – Јас мислам дека општините треба да ги засилат нивните инспекции, бидејќи тие не се под Град Скопје. Секаде каде се гради би требало да се платат комуналии. Ние како Град Скопје и ургираме до општните ако увидиме дека на одредено место, посебно на булеварите и за поголемите градби, има градба за која кај нас нема платено комуналии. Во тој случај ургираме до општините да си ја завршат постапката, поради тоа што доколку не биде така, а се изгради објектот ќе има потреба од вода, приклучување на фекалниот систем. Патиштата се веќе направени да речеме покрај булеварите и ако … се прави нова зграда каде има 50 куќи а се прави зграда од 30-40 стана што е 60-70% од капациетот на куќите кои ги има, при тоа зголемување за 60-70% на вода или фекална канализација … ние би имале проблем. Затоа реагираме до општините дека во таков и таков случај мора да реагираат. Ние не можеме да го зголемиме капациетот на водоснабдување доколку немаме легален договор за платени комуналии – изјави меѓу другото градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

janakieski

Молк од надлежното министерство За потребите на ова истражување, но и сериозните последици кои можат да произлезат од проблемот, побаравме став и од Министерството за транспорт и врски, кое законски има право дури и да одзема надлежности на општините кои не постапуваат соодветно. Прашањата до ресорот на министерот Миле Јанакиески беа- дали новите дивоградби можат да го загрозат процесот на легализација, дали има казнети или опоменати општини но и дали се задоволни од досегашниот процес на легализација. По еден месец чекање одговор од владниот ресор не стигна. Друга група прашања испративме и до здружението на општините во РМ, ЗЕЛС- дали во телата на организацијата се разговарало за проблемот и со каков исход, дали општините имаат капацитет за надлежноста но и дали гледаат некаков излез. – Темата е разговарана на Управен Одбор. Препораката на ЗЕЛС е да се интензивира постапката по дивоизградените објекти. Дел од општините и градоначалниците се жалат дека немаат средства да ги решат. Решението е секако да се почитуваат и спроведуваат законите- и од граѓаните и од општинските служби и градоначалниците- ни изјави директорката на ЗЕЛС, Душица Перишиќ Новите дивоградби, засега во сенка на старите? Според бројот на пријави за легализација на бесправно изградени објекти, до 2011 година во Македонија имало 350 000 дивоизградени објекти. Со сегашното темпо на ново регистрирани дивоградби кои ги брои државната статистика, а доколку по истите не се постапува, Македонија повторно ќе ја достигне истата бројка по 250 години што секако говори дека темпото е забавено. Сепак за да се стигне до бројката од 10 000 нови бесправни објекти, која секако не е незначителна, ќе бидат потребни околу 7 години. Според сите изјави и консултации за темата, новите дивоградби ќе продолжат да се појавуваат во значителна бројка, со исклучок можеби на побогатите општини кои имаат доволно инспектори и пари да ги решаваат проблематичните. Само неофицијално, дел од службите во ЗЕЛС дури додаваат дека би биле среќни ако бројката од 1400-1500 нови дивоизградени објекти во Македонија на годишно ниво прецизно ја пресликуваат реалноста на терен. Така ќе биде и во блиска иднина, во добар дел благодарејќи на фактот што локалните власти имаат решено само 1/3 (една третина) од „старите“ дивоградби. Според последните изјави од Агенцијата за Катастар, од споменатите вкупно 350 000 барања за легализација на објекти изградени до 2011-та година, процедурата е завршена само за 120 000 предмети и тоа во делот на неопходните геодетски елаборати. Над 200 000 барања допрва ќе треба да ги минат сите филтри пред локалните администрации во месните општини, што и по број и по важност се чини ќе биде приоритет пред појавата на новите дивоградби.

Напишано од Александар Димитриевски
]]>

Најчитани вести