Македонски Телеком ги намали цените за национални повици кон сите фиксни оператори.
Корисниците, како што соопшти прес-службата на компанијата, ќе плаќаат 70 отсто пониски цени кон фиксните оператори и 30 проценти кон мобилните.
– Македонски Телеком од 1 март ќе ги намали цените за меѓумесни повици кон сите фиксни оператори. Цената за локалните и меѓумесните повици ќе биде изедначена и наместо досегашните 3,54 денари за меѓумесни повици во нормална тарифа и 1,77 во ефтина, корисниците ќе плаќаат 1,18 денари во нормална и 0,71 денар во ефтина тарифа. Цената на меѓумесните ќе се изедначи со цената за локални повици, стои во соопштението.
Намалувањето на цените е овозможено со инвестицијата на Македонски Телеком во новата платформа базирана на интернет протокол на која беа мигрирани сите корисници.
]]>


