Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа ги почна настапите во поединечна конкуренција во 2014 година.
Таа во рамките од 1.коло од фјучрсот во Анталија (награден фонд 10.000 американски долари) ја совлада претставничката од Кина, Ксиаронг Донг со 6:1 и 7:5 во гемови.
Нејзина противничка во 2.коло ќе и биде Романката Ралука Георгиана Сербан, која со 6:1 и 6:3 славеше на Боиан Ванг од Кина.
Ѓорческа попладнево ќе игра против Сербан, но во четвртфиналето во двојки. Нашата тенисерка со Украинката Олена Кирпот ќе играат против романската двојка Николета Каталина Даскалу и Сербан.
]]>


