Дванаесетти пораз за Филаделфија во серија, трет за Оклахома Сити

Кошаркарите на Филаделфија ноќеска го забележаа и 12. пораз во серија. На домашен терен загубија од Орландо со 90:101 и се вториот тим со најлош биланс во НБА лигата. Нов пораз пред своите навивачи претрпе и Оклахома Сити, овој пат од Кливленд вкупно трет по ред, но и натаму има најдобар биланс на „Запад“.

На ноќеска одиграните натпревари беа постигнати следниве резултати: Филаделфија – Орландо 90:101, Бостон – Атланта 115:104, Чикаго – Голден Стејт 103:83, Далас – Њу Орлеанс 108:89, Мемфис – ЛА Лејкерс 108:103, Оклахома Сити – Кливленд 104:114, Сан Антонио – Детроит 120:110, Јута – Феникс 109:86, Портланд – Бруклин 124:80 и ЛА Клиперс – Хјустон 101:93.

Вечерва се играат четири натпревари: Индијана – Милвоки, Торонто – Вашингтон, Мајами – Њујорк и Денвер – Бруклин.

Пласман Источна конференција: Индијана 43-13 (победи-порази), Мајами 40-14, Торонто 32-25, Чикаго 31-26, Вашингтон 29-28, Шарлот 27-30, Бруклин 26-29, Атланта 26-31,…

Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 43-15, Сан Антонио 41-16, Портланд 40-18, Хјустон 39-19, ЛА Клиперс 40-20, Далас 36-23, Голден Стејт 35-23, Феникс 33-24,…

]]>

Најчитани вести