Попова Шапка домаќин на натпреварувачите во сноуборд

На скијачките терени на Попова Шапка во сабота и во недела ќе се одржи „ФИС Сноуборд Купот 2014“ на кој се очекува да настапат околу 40 натпреварувачи од Македонија, Чешка, Хрватска, Словенија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Србија.

Репрезентацијата на Македонија ќе ја претставуваат шест натпреварувачи: Давид Малинковски, Иво Корчуланин, Марко Пајковски, Огнен Кондратенко, Андреа Угриноска и Ангелина Георгиева.

–  Според пограмата во сабота ќе се одржи натпреварот во дисциплината „биг ер“, додека за недела е предвидено одржување на натпреварот „слоп стајл“. Почетокот на натпреварите два дена е во 10 часот. Ова е убава можност и за сите кои ќе бидат присутни на Попова Шапка да се запознаат со овие две олимписки дисциплини. Поради големите скокови и изведбите на акробатски вештини, овие дисциплини се многу атрактивни, истакна на денешната прес конференција Кирил Насков претседател на сноуборд клубот „Полар“.

Сите натпреварувачи предвидено е да настапат и двата дена во двете дисциплини.

– Добро сме подготвени имавме неколку натпревари во Австрија и во Бугарија и се надевам на добар резултат, изјави Давид Малинковски.

За најуспешните тројца предвидени се и парични награди, а во сабота попладне ќе биде организирана и забава за присутните натпреварувачи и гости.

]]>

Најчитани вести