Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорлеска успеа да избори пласман во четвртфиналето на фјучрс турнирот што се игра во Анталија (награден фонд 10.000 американски долари).
Во мечот од 2.коло Ѓорческа денеска ја победи Романката Ралука Георгиана Сербан со 6:3 и 6:3 во гемови.
Нашата тенисерка искористи 5 од 6-те брејк топки во мечот што се покажа како решавачко за разлика од противничката која имаше 2/5.
Во следното коло (четвртфинале) утре Ѓорческа ќе игра против Софија Квацабаја од Грузија која со 6:3 и 6:0 во гемови ја совлада Малика Роуз од САД.
]]>


