На кошаркарите на Вашингтон им беа потребни дополнителни 15 минути да забележат победа на ноќешното гостување во Торонто. За Вашингтон ова беше победа број 30 сезонава во НБА лигата и значаен чекор кон освојување на една од првите осум позиции на „Истокот“ што обезбедува плеј-оф.
Освен овој дуел во НБА лигата ноќеска се играа уште три други. Постигнати се следниве резултати: Торонто – Вашингтон 129:134 (по три продолженија), Индијана – Милвоки 101:96 , Мајами – Њујорк 108:82 и Денвер – Бруклин 89:112.
Вечерва се играат седум натпревари: Кливленд – Јута, Оклахома – Мемефис, Њујорк – Голден Стејт, Далас – Чикаго, Сан Антонио – Шарлот, ЛА Лејкерс – Сакраменто и Феникс – Њу Орлеанс.
Пласман Источна конференција: Индијана 44-13 (победи-порази), Мајами 41-14, Торонто 32-26, Чикаго 31-26, Вашингтон 30-28, Бруклин 27-29, Шарлот 27-30, Атланта 26-31,…
Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 43-15, Сан Антонио 41-16, Портланд 40-18, Хјустон 39-19, ЛА Клиперс 40-20, Далас 36-23, Голден Стејт 35-23, Феникс 33-24,.
]]>


