Комплетирана 1/16финалната фаза во Лига Европа

Со одигрувањето на осумте реванш натпревари синоќа беше комплетирана 1/16финалната фаза во фудбалската Лига на Европа. Тотенхем успеа да ја анулира предноста на Днипро, Анжи го елиминира Генк, Јувентус сигурен на гостувањето кај Трабзон.

Постигнати резултати: АЗ Алкмар – Либерец 1:1 (1:0 прв натпревар), Бенфика – ПАОК 3:0 (1:0), Фиорентина – Ејсберг 1:1 (3:1), Генк – Анжи 0:2 (0:0),Тотенхем – Днипро 3:1 (0:1), Олимпик Лион – Черноморец 1:0 (0:0), Валенсија – Динамо Киев 0:0 (2:0), и Трбазон – Јувентус 0:2 (0:2).

Пласман во 1/8финалето обезбедија: АЗ Алкмар, Бенфика, Фиорентина, Анжи, Тотенхем, Олимпик Лион, Валенсија и Јувентус.

Претходно: Рубин – Бетис 0:2 (1:1 прв натпревар), Севиља – Марибор 2:1 (2:2), Салцбург – Ајакс 3:1 (3:0), Базел – Макаби Тел Авив 3:0 (0:0), Ајнтрахт Франкфурт – Порто 3:3 (2:2), Шахтјор Доњецк – Викторија Плзен 1:2 (1:1), Лудогорец – Лацио 3:3 (1:0) и Наполи – Свонси 3:1 (0:0).

Понатаму одат Наполи, Бетис, Базел, Порто, Лудогорец, Салцбург, Севиља и Викторија Плзен.

]]>

Најчитани вести