Бердих прв финалист во Дубаи

Чешкиот тенисер Томаш Бердих е првиот финалист на АТП турнирот од Серијата 500 што се игра во главниот град на Обединетите Арапски Емирати.

Бердих денеска во првото полуфинале го победи германскиот тенисер Филип Колшајбер со 2-0 во сетови 7:5 и 7:5. Во тек е второто полуфинале на овој силен турнир. До овој момент Новак Ѓоковиќ (Србија) води со 1:0 во сетови против Роџер Федерер (Швајцарија). Првиот сет Србинот го доби со 6:3, а во вториот Швајцарецот води со 2:1. Победникот од второто полуфинале ќе му биде противник на Бердих во утрешниот финален дуел.

]]>

Најчитани вести