Кожув лидер во Првата кошаркарска лига

Екипата на Кожув од Гевгелија вечерва забележа победа на гостувањето во Струмица против истоимениот тим со 81:64 и се искачи на првото место на табелата во Првата кошаркарска лига. Гевгеличани до победата дојдоа по лошата прва четвртина која ја загубија со 21:10, за следните три убедливо да ги решат во своја полза (22:16; 25:16 и 24:11). За Струмица ова беше седми пораз, а во 14-те одиграни натпревари сезонава избраниците предводени од Слободан Петровски имаат исто толку победи и со половичен ефект се наоѓаат на средината на табелата. Најзаслужни за победата на Кожув беа Славен Чупковиќ со 20 и Игор Мијаиловиќ со 16 поени.

Во домашниот состав Александар Мареља со 16 и Немања Арсиќ со 13 поени беа најефикасните поединци.

Останатите три натпревари од 15.коло во Првата лига се играат утре, а се среќаваат Лирија – Вардар Апаве, Куманово – Пелистер и Работнички – Карпош Соколи. Фени Индустри е слободен во ова коло.

Табела: Кожув 25 бодови (13 натпревари), Работнички 23 (12), Лирија 21 (12), Струмица 21 (14), Куманово 19 (12), Фени Индустри 18 (13), Вардар Апаве 16 (13), Карпош Соколи 15 (12), Пелистер Спорт 13 (13).

]]>

Најчитани вести