Продолжува фудбалскиот шампионат на Македонија

По тримесечна пауза продолжуваат натпреварите во Првата македонска фудбалска лига.

Средбите од 20.коло на програмата се денеска (сабота)  поради контролниот пријателски натпревар меѓу Македонија и Летонија кој ќе се игра на 5 март.

Дербито на колото ќе се игра во Скопје, каде ќе се сретнат Работнички и Пелистер.

Во Штип, Брегалница е домаќин на лидерот Хоризонт Турново, а шампионот Вардар гостува во Кичево.

Комплетни двојки за 20.коло во ПМФЛ:

Брегалница – Хоризонт Турново Гостивар – Еуромилк Металург – Ренова Напредок – Вардар Работнички – Пелистер Шкендија – Македонија ЃП

Табела: Хоризонт Турново 34 бодови, Вардар 34, Пелистер 34, Работнички 31, Металург 30, Ренова 27, Еуромилк 23, Шкендија 23, Брегалница 22, Македонија ЃП 19, Напредок 13 и Гостивар 11.

]]>

Најчитани вести