Во ракометната СЕХА лига двете македонски екипи Вардар и Металург натпреварите од 15.коло ќе играат на гостински терен.
Од 17 часот шампионот Вардар ќе му гостува на хрватскиот тим Нексе кој пред само два дена го совлада Металург.
Ракометарите на Металург во ова коло ќе играат во Белград против последно пласираниот Партизан во дуел кој ќе стартува од 18 часот.
За денеска закажан е и натпреварот меѓу двете водечки екипи во СЕХА лигата во кој Татран Прешов го пречекува лидерот Загреб КО.
Оваа рунда која стартуваше вчера со натпреварот Ловќен – Војводина 25:28 ќе биде комплетирана во недела со средбата Мешков Брест – Борац.
Табела: Загреб КО 37 (15 натпревари), Татран Прешов 33 (14), Вардар 28 (13), Мешков Брест 27 (14), Металург 25 (14), Војводина 21 (15), Нексе 14 (13), Борац 12 (14), Ловќен 11 (16) и Партизан 3 (14).
]]>


