Со натпреварот кој синоќа беше одигран во Берлин, а во кој екипите на Херта и Фрајбург не успеаја да постигнат гол односно средбата заврши 0:0, стартуваше 23.коло во фудбалското првенство на Германија. Дерби натпреварот на ова коло ќе се игра попладнево од 18 часот и 30 минути во Минхен каде актуелниот шампион и лидерот на табелата во Бундес лигата, Баерн го пречекува четврто пласираниот Шалке.
Претходно од 15.30 часот ќе стартуваат натпреварите: Аугсбург – Хановер, Баер Леверкузен – Мајнц, Борусија Дортмунд – Нирнберг, Брауншваиг – Борусија Менхенгладбах и Вердер – Хамбургер.
За во недела закажани се преостанатите две средби, а двојките се, Хофенхајм – Волфсбург и Ајнтрахт – Штутгарт.
Табела: Баерн Минхен 62 бодови, Баер Леверкузен 43, Борусија Дортмунд 42, Шалке 41, Волфсбург 39, Борусија Менхенгладбах 35.
]]>


