Атлетик Билбао со убедливата победа од 4:0 во дуелот со Гранада ја одржува четвртата позиција на табелата во шпанската Примера.
На воведниот дуел од 26.коло одигран синоќа во Билбао, победата на домаќините и новите три бодови му ја донесоа, Адуриз со три постигнати голови (7, 18 и 74 минута од пенал) и Гурпеги (80).
Денеска ќе се играат: Малага – Ваљадолид, Леванте – Осасуна, Гетафе – Еспањол и Елче – Селта Виго.
Големото „Мадридско дерби’’ меѓу Атлетико и Реал ќе биде во фокусот на вниманието во недела, за кога се закажани и средбите: Виљареал – Бетис, Севиља – Сосиедад, Барселона – Алмерија и Рајо Ваљекано – Валенсија.
Табела: Реал Мадрид 63 бодови, Барселона 60, Атлетико Мадрид 60, Атлетик Билбао 50, Виљареал 43, Сосиедад 43.
]]>


