Со натпреварот кој се одигра синоќа меѓу Евијан и Нант, а кој заврши со резултат 2:0 беше отворено 27.коло во фудбалското првенство на Франција.
Головите за домашниот тим ги постигнаа Седрик Барбоса (61-минута) и Дание Вас (77).
Оваа рунда ќе ја одбележат два дерби натпревари.
Во првиот денеска од 17 часот Сент Етијен кој е на 4.место на табелата го пречекува второ рангираниот Монако.
Утре во Париз водечкиот на табелата П.С.Ж. е домаќин на Олимпик Марсеј кој е на 5-место.
Комплетни двојки за 27.коло во француската Лига 1: Петок
Евијан – Нант 2:0 Сабота 17:00 Сент Етијен – Монако 20:00 Лориен – Бастија 20:00 Сошо – Бордо 20:00 Ница – Тулуз 20:00 Ремс – Валенсиен 20:00 Рен – Гингамп Недела 14:00 Ајачо – Лил 17:00 Олимпик Лион – Монпеље 21:00 Париз Сен Жермен – Олимпик Марсеј
Табела:
1. Париз Сен Жермен 61 бодови, 2. Монако 56, 3. Лил 46, 4. Сент Етијен 45, 5. Олимпик Марсеј 43, 6. Олимпик Лион 41, 7. Бордо 40.
]]>


