Екипата на Атланта ја продолжи серијата порази откако ноќеска загуби на гостувањето кај Феникс со 129:120. Ова по бројот на поени беше натпревар во кои двете екипи играа „буквално“ без одбрани бидејќи беа постигнати вкупно 249 поени. Резултатот по четвртини беше: 40:37; 39:28; 23:30 и 27:25.
Најефикасен на натпреварот беше Џералд Грин со 33 поени, додека кај Атланта Џеф Тиг постигна 29.
По пауза од 16 натпревари во составот на Атланта се врати и нашиот Перо Антиќ, но не се појави на теренот. Ова за неговата екипа беше прво од серијата пет гостувања.
На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Чикаго – Њујорк 109:90, Торонто – Голден Стејт 104:98, Индијана – Јута 94:91, Орландо – Филаделфија 92:81, Оклахома Сити – Шарлот 116:99 и Сан Антонио – Далас 112:106.
Вечерва се играат натпреварите: Вашингтон – Мемфис, Бруклин – Чикаго, Детроит – Њујорк, Мајами – Шарлот, Милвоки – Јута, Денвер – Минесота, Портланд – ЛА Лејкерс и Сакраменто – Њу Орлеанс.
Пласман Источна конференција: Индијана 46-13 (победи-порази), Мајами 42-14, Торонто 33-26, Чикаго 33-26, Вашингтон 31-28, Бруклин 28-29, Шарлот 27-32, Атланта 26-32,…
Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 45-15, Сан Антонио 43-16, Портланд 41-18, Хјустон 40-19, ЛА Клиперс 41-20, Голден Стејт 36-24, Феникс 35-24, Далас 36-25,.
]]>


