Сопственикот на Бирмингем испрал 93 милиони долари

Судот во Хонг Конг го прогласи за виновен Карсон Јунг, сопственикот на англискиот фудбалски клуб Бирмингем за перење пари. Вкупниот износ на испрани пари е 93 милиони долари.

Пресудата околу висината на казната за Јунг ќе биде објавена в петок.

Јунг стана сопственик на клубот сезоната 2009/10, а веќе следната сезона Бирмингем го освои Лига Купот. Тимот во 2011 година испадна од Премиер лигата, а веднаш потоа сопственикот беше приведен и обвинет за делото.

Бирмингем во моментов се натпреварува во втората по квалитет фудбалска лига во Англија

]]>

Најчитани вести