Два медала за македонските кик боксери на Еврокупот во Белград

Македонските натпреварувачи од Европскиот куп ,,Белград Опен“ што изминатите три дена се одржуваше во главниот град на Србија се враќаат со две освоени медали – еден златен и еден бронзен.

Со злато се закити искусниот Димитар Ѓорѓиев -79кг во кик лајт кој демонстрираше техника и подготвеност како што прилега на светски шампион. Златото го освои победувајќи ги Васил Тошев Симов (Бугарија), Андрија Босиќ (Србија) и Александар Менковиќ (Србија). Ѓорѓиев на сите три мечеви победи со по 3:0.

Бронзениот медал го освои Арџент Узеири -84кг кик лајт победувајќи го Милош Ковачевиќ од Србија во четврт финалето. Во полуфиналната борба за сребрен медал изгуби на поени од Милутин Николиќ (Србија).

Третиот Македонец кој настапи на овој куп беше Мики Ивановски. Тој во К1 дисциплината загуби од Никола Стошиќ иако го доведе противникот во нок-даун, но судиите беа наклонети кон домашнниот натпреварувач.

Европскиот куп се одвиваше во кик лајт и К1 дисциплините од кик бокс спортот, а учествуваа осум земји од Европа со повеќе од 200 спортисти.

]]>

Најчитани вести