Американката Серена Вилијамс се искачи на петтото место на табелата на тенисерки кои најдолго се наоѓале на лидерското место на ВТА листата. Вилијамс се најде на врвот на најновата листа на ВТА објавена денеска што претставува вкупно 179 недели по ред да е број 1 и со тоа ја помина Моника Селеш која 178 седмици во континуитет беше прва.
– Не верував дека можам да го постигнам ова. Се сеќавам кога Селеш редеше победи на „Грен слем“ турнирите. Мислев дека таа игра неверојатен тенис и дека тешко ќе биде да ја достигнам, а сега еве ме пред неа, изјави помладата од сестрите Вилијамс.
На пласманот за тенисерки со најдолг стаж на првата позиција на ВТА рангирањето води Германката Штефи Граф која 377 недели беше прва светска тенисерка. Втората позиција е за Мартина Навратилова, чешката тенисерка со американско државјанство која 332 недели беше лидер, а пред Вилијамс на вечната листа се и Крист Еверт (САД) со 260 недели и Мартина Хингис (Швајцарија) со 209 недели.
]]>


