Пораз на јуниорите во Србија

Јуниорската машка ракометна репрезентација го загуби контролниот натпревар одигран во Пирот од врсниците на Србија со 32:24 (16:10).

Нашата репрезентација натпреварот го одигра со многу технички грешки, промашени шанси. Домаќинот Србија во текот на целиот натпревар имаше предност. Селекторот на оваа селекција Зоран Петковски во следниот период ќе треба да ги направи и потребните корекции во играта на селекцијата. Последниот филтер околу тоа кои играчи ќе настапат ќе треба да биде направен до 19 март, кога и почнуваат подготовките за квалификацискиот турнир.

Јуниорите во април ќе настапат на квалификации за пласман на Европско првенство што ќе се одржи во Австрија.

Македонија е домаќин на група и турнирот ќе се одржи од 4 до 6 април во „СРЦ Кале“ во Скопје. Противници на Македонија се репрезентациите на Исланд, Грција и Италија.

]]>

Најчитани вести