Рекордни 61 поен за „Кралот“ Џејмс

Ноќ за паметење имаше ѕвездата на Мајами Хит, Леброн Џејмс кој на дуелот против Шарлот постигна рекордни за него 61 поен, а запиша уште и седум скокови и пет асистенции. Мајами го доби натпреварот со 124:107.

Џејмс по бројот на постигнати поени го собори сопствениот рекорд на еден натпревар кој изнесуваше 56, остварен во 2005 година кога настапуваше за Кливленд.

Исто така Леброн го собори и рекордот на еден играч во дресот на Мајами. Глен Рајс во 1995 година на еден дуел уфрли 56 поени.

Сепак ѕвездата на Мајами само за еден поен не успеа да го достигне рекордот сезонава кој го држи Кармело Ентони од Њуојрк со постигнати 62 поени на еден натпревар.

Резултати на ноќешни НБА натпревари: Вашингтон – Мемфис 104:110, Бруклин – Чикаго 96:80, Детроит – Њујорк 96:85, Мајами – Шарлот 124:107, Милвоки – Јута 114:88, Денвер – Минесота 128:132, Портланд – ЛА Лејкерс 106:107 и Сакраменто – Њу Орлеанс 96:89.

Вечерва се играат шест натпревари: Кливленд – Сан Антонио, Индијана – Голден Стејт, Хјустон – Мајами, Оклахома – Филаделфија, Феникс – ЛА Клиперс и ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс.

Пласман Источна конференција: Индијана 46-13 (победи-порази), Мајами 43-14, Торонто 33-26, Чикаго 33-27, Вашингтон 31-29, Бруклин 29-29, Шарлот 27-33, Атланта 26-32,…

Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 45-15, Сан Антонио 43-16, Портланд 41-19, Хјустон 40-19, ЛА Клиперс 41-20, Голден Стејт 36-24, Феникс 35-24, Далас 36-25,.

]]>

Најчитани вести