Ограбена поштата скопски Бутел

Непознати сторители синоќа ја ограбиле филијалата на Македонски пошти на улицата „Тале Христов“ во скопски Бутел.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека според првичните информации крадците прво насилно ја отстраниле заштитната ограда, а потоа и влезната врата. Откако влегле во поштата го зеле металниот сеф и избегале.

Во сефот имало околу 120.000 денари, но се чека потврда од претставници од пошта. Полицијата врши увид и работи на пронаоѓање на сторителите.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести