Македонскиот тенисер Томислав Јотовски со победа го почна настапот на фјучрс турнирот во Шарм Ел Шеик, Египет. Денеска Јотовски во мечот од 1.коло на Ф8 турнирот го совлада Џулиано Бузоиану од Романија со 6:0 и 6:2.
Ова за Јотовски е прва победа во 2014 година, откако на претходните два фјучрс турнира во првото коло губеше од носителите на турнирите.
Во следното коло Јотовски ќе игра со победникот од мечот Јасин Идмбарек (Мароко) и Иван Неделко (Русија).
На овој турнир покрај Јотовски ќе настапат и Шендрит Деари и Бесир Дургути. Тројца македонски тенисери ќе играат во конкуренција на двојки. Јотовски и Дугрути играат заедно, додека Деари ќе настапи заедно со Карим Кадри од Словенија.
]]>


