Македонската фудбалска репрезентација до 21 година утревечер против Португалија го игра натпреварот од 5.круг во квалификациите за пласман на Европското првенство во Чешка.
Младите македонски фудбалери веќе го одработија првиот тренинг во португалскиот Берселос. На тешкиот натпревар против силната Португалија, нашата репрезентација е без Бобан Николов и Христијан Драгарски.
– Не очекува голем предизвик. Португалија е фаворит, една од најквалитетните европски селекции. Во тековните квалификации на домашен терен постигнаа осум погодоци во два натпревари и јасно нагласуваат дека нивната цел е да го продолжат максималниот ефект во квалификациите. Ние сме без Николов и Драгарски, но сите други се подготвени да го дадам најдоброто од себе и уште еднаш да го потврдат квалитетот кои нашата јавност веќе го препозна. Ќе се обидеме да го наметнеме нашиот стил, да се надигруваме, да создаваме шанси. Ако одиграме според договореното, мислам дека можеме да оствариме позитивен резултат, изјави селекторот на репрезентацијата Бобан Бабунски.
Дуелот Португалија – Македонија зпочнува во 19 часот.
Табела: Португалија 12 бодови, Израел 9, Норвешка 6, Македонија 4, Азербејџан 4.
]]>


