Фудбалер во Виетнам казнет со 28 натпревари неиграње

Фудбалската федерација на Виетнам презема досега невиден чекор санкционирајќи еден играч од националното првенство со забрана за настап на 28 натпревари.

Казната за фудбалерот е изречена поради нанесување тешка повреда на противнички играч кој се здобил со фрактура на ногата.

Освен суспензијата од фудбалските терени, виновникот кој направил груб старт, на својата „жртва“ ќе треба да му ги плати и сите медицински трошоци кои ќе бидат направени при неговиот третман на заздравување.

Од федерацијата високата казна ја објаснуваат како предупредување до сите учесници во фудбалската игра во оваа земја чија одлика во последно време е зачестеното агресивно однесување на играчите за време на натпреварите.

]]>

Најчитани вести