Страотна несреќа пред Ќафасан: Две жени загинаа, четири се во кома и 13 повредени

Две лица го загубија животот, четворица се во кома и 13 се полесно повредени во собраќајната несреќа што се случи на патниот правец Прењас-граничен премин Ќафасан. Комби возилото кое превезувало албански државјанки во Струга, прво удрило во електричен столб, па завршило во канал. Повредените биле пренесени во болницата во Ливбражд по што четворицата тешко повредени се префрлени во Тирана. Загинатите патнички се на возраст од 25 и 65 години. Во комбето биле 25 патнички, главно пензионерки, кои во Струга планирале да останат неколку дена за да го одбележат Осми март. Според првичните сознанија возачот избегнал директен судар со друго возило, но ја изгубил контролата.
]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести