настапот на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ го направив без хонорар, вели актерот Тони Михајловски во интерју за најновиот број на неделникот „Република“. -Напротив, го направив со огромно задоволство и ми беше чест што ми овозможија да го направам. Го направив како обичен член на партијата. Немам земено никаков хонорар и нема да земам– вели Михајловски. Тој нагласува дека идејата за стенд ап на конвенцијата била на партијата, на човекот што пишува сценарио. – Мене ми понудија да напишам некаков текст. Го напишав тоа, иако кружеа муабети дека ми се дадени зборови што треба да ги изговорам, дека ми е издиктирано и напишано тоа што треба да го кажам. Апсолутно имав слобода во креацијата. Нормално, тоа го понудив на корекција, немаше корекција. Никаде во текстот ние не рековме дека некој шмрка кокаин, но тој што си ја има мувата на капата, најверојатно, си го препознал тоа. А метафорите може да се однесуваат на сѐ и сешто, нели! Е сега, ако некој има преголем багаж и не смееш да споменеш линија кога зборуваш за него затоа што сѐ го асоцира на консумирање такви средства, јас не сум виновен. За тоа, најверојатно, е виновен човекот што го направил багажот– додава Михајловски.]]>


