Македонските тенисери Томислав Јотовски и Шендрит Деари не успеаја да ги победат ривалите во четвртфиналето на фјучрс турнирот во Шарм Ел Шеик во Египет.
Јотовски по маратонскиот меч и победата вчера над Идмбалек денеска беше поразен од Стевен Монеке од Германија (5.носител) со 6:1 и 6:3 во гемови. Германецот и на претходниот турнир постигна победа над Јотовски.
Шендрит Деари денеска загуби од Стефано Траваља од Италија (2.носител) со 6:4 и 6:2 во гемови. За пласманот во четвртфиналето и двајцата тенисери ќе освојат по два бода што на следното ново рангирање ќе им донесе и скок на АТП листата.
Јотовски и Деари, како и Бесир Дургути се пријавени за настап и на следниот фјучрс во Египет, додека најдобро рангираниот македонски тенисер Димитар Грабул ќе игра на фјучрс во Анталија, Турција.
]]>


