Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не се пласира во полуфиналето на фјучрс турнирот во Анталија откако денеска во мечот од четвртфиналето загуби од Викторија Кузмова од Словачка.
Противничката на Ѓорческа го доби мечот со 2:0 во сетови (6:4 и 6:2 во гемови) и со тоа и се реваншираше за поразот во нивниот прв меч одигран лани.
За пласманот во четвртфиналето Ѓорческа ќе добие два нови бода. Македонската тенисерка е пријавена за настап и на следниот фјучрс турнир што ќе се игра во Анталија, а почнува од понеделник.
]]>


