Ана Фенингер од Австрија по вторпат за два дена победува на велеслаломска трка во шведскиот ски центар Оре. Таа по двете трки вечерва имаше најдобро време 2:00.15. На второто место се пласира Викторија Ребенсбург од Германија, а трета заврши Џесика Линдел – Викарби од Шведска.
Токму третопласираната од денешната трка Линдел – Викарби е водечка во пласманот за велеслалом со 432 бода, пред Фенингер со 418.
Во генералниот пласман за Светскиот куп води Фенингер со 1151 бод, пред Германката Марија Хефл – Риш која има 1144.
Утре скијачките ќе имаат натпревар во слалом во Оре.
]]>


