Лавров: Москва е подготвена за рамноправен дијалог за Украина

Москва е подготвена за рамноправен дијалог со своите партнери во странство за ситуацијата во Украина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Подготвени сме за рамноправен дијалог со партнерите од странство за да им помогнеме на различните страни во Украина да излезат од кризата, рече Лавров по средбата со колегата од Таџикистан Сироџидин Аслов.

– Тој дијалог со западните партнери на Москва треба да биде чесен, без обиди Русија да се претстави како една од страните во конфликтот, предупреди шефот на руската дипломатија.

– Кризата не е создадена од нас и ние не сме дел од неа, потенцираше Лавров

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести