Дерби натпреварот на 21. коло од Првата фудбалска лига ќе се одигра попладнево на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје меѓу лидерот Вардар и битолски Пелистер. Почетокот на дерби дуелот е во 16 часот.
Другите натпревари од оваа рунда се играат со почеток во 14 часот, а двојките се: Брегалница – Работнички, Хоризонт Турново – Металург, Ренова – Гостивар, Еуромилк – Шкендија и Македонија ЃП – Напредок.
Табела: Вардар 37 бодови, Хоризонт Т. 34, Работнички 34, Пелистер 34, Металург 33, Ренова 27, Еуромилк 26, Шкендија 26, Брегалница 25, Македонија ЃП 19, Напредок 13, Гостивар 11.
]]>


