Екипата на Атлетико Мадрид се проби на втората позиција на табелата во Примера откако синоќа како гостин славеше победа над Селта со 2:0. Стрелец на двата гола беше Давид Виља во 62 и 64.минута. Со новата победа Атлетико Мадрид го искористи киксот на Барселона (пораз од Ваљадолид) и се проби на второто место.
На другите натпревари од 27.коло беа постигнати следниве резултати: Ваљадолид – Барселона 1:0, Бетис – Хетафе 2:0 и Гранада – Виљареал 2:0.
Четири натпревари се играат и денеска: Еспањол – Елче, Алмерија – Севиља, Реал Мадрид – Леванте и Валенсија – Атлетик Билбао, а рундата ќе биде комплетирана во понеделник со дуелите: Осасуна – Малага и Реал Сосиедад – Рајо Ваљекано.
Табела: Реал Мадрид 64 бодови, Атлетико Мадрид 64, Барселона 63, Атлетик Билбао 50, Виљареал 44, Реал Сосиедад 43,.
]]>


