Реал продолжува со одличните игри

Екипата на Реал Мадрид забележа нова победа во Шпанското фудбалско првенство и се зацврсти на врвот на табелата со три бодови предност пред градскиот ривал Атлетико и четири пред шампионот Барселона.

Реал синоќа во 27.коло на домашен терен го победи Леванте со 3:0 со головите на Кристијано Роналдо, Марселињо и автоголот на Николас Карабелас.

На другите досега завршени натпревари од оваа рудна во Примера постигнати се следните резултати: Ваљадолид – Барселона 1:0, Бетис – Хетафе 2:0, Селта Виго – Атлетико Мадрид 0:2, Гранада – Виљареал 2:0, Еспањол – Елче 3:1, Алмерија – Севиља 1:3 и Валенсија – Атлетик Билбао 1:1.

Колото ќе биде комплетирано вечерва со дуелите: Осасуна – Малага и Сосиедад – Рајо Ваљекано.

Табела: Реал Мадрид 67 бодови, Атлетико Мадрид 64, Барселона 63, Атлетик Билбао 51, Виљареал 44, Реал Сосиедад 43,.

]]>

Најчитани вести