Хозе Каљехон беше стрелец на единствениот гол вреден три бода на синоќешниот дуел во Неапол на кој Наполи ја победи Рома со 1:0 и си ги врати шансите за освојување на второто место кое обезбедува директен пласман во Лигата на шампионите.
Шпанскиот интернационалец погодокот го постигна во 81.минута, а четири минути подоцна беше заменет со Горан Пандев.
Преглед на другите резултатите од 27.коло во Серија А: Удинезе – Милан 1:0, Катанија – Каљари 1:1, Јувентус – Фиорентина 1:0, Лацио – Аталанта 0:1, Киево – Џенова 2:1, Парма – Верона 2:0, Сампдорија – Ливорно 4:2, Болоња – Сасуоло 0:0 и Интер – Торино 1:0.
Табела: Јувентус 72 бода, Рома 58, Наполи 55, Фиорентина 45, Интер 44, Парма 43, Верона 40, Лацио 38,.
]]>


