Порази на водечките екипи во НБА лигата

Три екипи кои се на врвот на двете конференции ноќеска претрпеа порази на натпреварите во НБА лигата.

Индијана откако обезбеди пласман во плеј-офот има серија од четири порази, а ноќеска беше совладана на гостувањето кај Далас.

Нејзиниот кикс не го искористи шампионот Мајами, кој по продолжение е поразен од Чикаго на гости, додека Оклахома Сити загуби од Лос Анџелес Лејкерс и по вториот пораз во серија повеќе не е на водечкото место во Западната конференција.

На три натпревари победникот беше познат по продолжение.

Преглед на резултатите: Чикаго – Мајами 95:88 (продолжение), ЛА Лејкерс – Оклахома Сити 114:110, Њу Орлеанс – Денвер 111:107, Бостон – Детроит 118:111, Бруклин – Сакраменто 104:89, Хјустон – Портланд 118:113 (продолжение), Минесота – Торонто 104:111, Далас – Индијана 105:94 и Голден Стејт – Феникс 113:107.

Вечерва се играат седум натпревари: Шарлот – Денвер, Бруклин – Торонто, Мајами – Вашингтон, Њујорк – Филаделфија, Милвоки – Орландо, Јута – Атланта и ЛА Клиперс – Феникс.

Пласман Источна конференција: Индијана 46-17 (победи-порази), Мајами 43-17, Торонто 35-26, Чикаго 35-28, Вашингтон 33-29, Бруклин 31-30, Шарлот 29-34, Атланта 26-35,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 46-16, Оклахома Сити 46-17, Хјустон 44-19, ЛА Клиперс 44-20, Портланд 42-21, Голден Стејт 40-24, Далас 38-26, Мемфис 36-26,.

]]>

Најчитани вести