Ракометарките на Будуќност по нерешениот резултат одигран синоќа во Подгорица против европскиот првак Ѓер обезбедија пласман во полуфиналето и ќе играат на завршниот турнир во Лигата на шампионките.
Во дуелот на двете екипи кои во последните две сезони победија во ова натпреварување конечниот резултат беше 26:26.
На едно коло до крајот Ѓер е прв во Групата 2 со 8 бодови, пред Будуќност со 7, Ларвик има 3, а Крим 2.
На вториот дуел од оваа група Ларвик го победи Крим со 28:22 и тоа беше единствената победа на натпреварите од 5.коло.
Во Групата 1 каде настапува македонскиот првак ЖРК Вардар СЦБТ двата натпревара завшија нерешено. Во саботата Турингер – ЖРК Вардар СЦБТ 24:24 и вчера Савехоф – Митјиланд 29:29.
Турингер е прв на табелата со 7 бодови, ЖРК Вардар СЦБТ има 6, Митјиланд 5, а Савехоф 2.
Од оваа група ниту една екипа нема сигурен пласман во полуфиналето, а најголеми шанси има македонскиот шампион бидејќи во последното коло дома игра со Савехоф (последен во групата) и во меѓусебните дуели и со Турингер и со Митјиланд има подобар биланс.
]]>


