Лирија го пречекува Работнички во дербито на колото од Првата лига

Последниот натпревар од 16.коло од Првата кошаркарска лига меѓу Лирија и Работнички ќе се одигра вечерва (20:30 часот) во малата сала во СРЦ „Кале“ во Скопје.

Гостите доколку сакаат да го задржат првото место ќе мора да победат на тешкото гостување кај годинашниов финалист на Купот.

Вчера изненадување направи екипата на Пелистер Спорт постигнувајќи ја првата победа во шампионатот откако го совлада Фени Индустри со 84:82.

Во саботата: Карпош Соколи – Куманово 63:68 и Кожув – Вардар Апаве 84:76.

Табела: Кожув 27 бодови, Работнички 25, Лирија 23, Куманово 23, Струмица 21, Фени Индустри 19, Вардар Апаве 18, Карпош Соколи 17, Пелистер Спорт 16.

]]>

Најчитани вести