Контра нов тренер на Хетафе

Претседателот на Хетафе Анхел Торес денеска соопшти дека Луис Гарсија повеќе не е тренер на клубот, а место него избран е романскиот стручњак Козмин Контра.

Хетафе нема победа во Шпанското фудбалско првенство уште од ноември минатата година кога го совлада Леванте, а незадоволството кај раководните луѓе во клубот кулминираше во саботата по поразот од Бетис со 2:0.

– Му посакувам успешна работа во иднина на досегашниот наш тренер. Тој беше голем професионалец, но неопходна беше промена во клубот, изјави Торес по соопштување на одлуката за тренерската смена.

38-годишниот Контра во шпанскиот клуб доаѓа од Петролул Плоешти.

Во моментов Хетафе е на 15.место со 27 бодови или само бод предност од Алмерија која е во зоната на испаѓање.

]]>

Најчитани вести