Цветковиќ води на МВП листата за 23.коло во АБА лигата

Александар Цветковиќ кој е организатор на играта на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром води на листата најкорисни кошаркари за 23.коло во регионалната АБА лига.

Дали Цветковиќ ќе остане на првата позиција ќе се знае по вечерашниот натпревар Будуќност – Игокеа по што ќе се комплетира колото.

Играчот кој во МЗТ дојде како засилување – позајмен играч од Црвена Звезда во зимскиот преоден рок, на вчерашниот натпревар со Цибона собра 33 индексни поени со учинок од 17 поени, 8 асистенции и 10 скокови за 35 минути игра, но тоа не беше доволно нашиот шампион да стигне до победата. МЗТ загуби на гостувањето во Загреб по продолжение со 93:90.

Пред комплетирање на оваа рунда во ТОП 5 уште се наоѓаат Тадија Драгичевиќ со 28 поени (Црвена Звезда), Џонатан Џонс 28 (Широки), Стивен Марк Лајонс 25 (Задар) и Иван Сиришчевиќ 24 (Цибона).

Сезонава од МЗТ Скопје Аеродром еднаш МВП беше капитенот Тодор Гечевски со 39 индексни поени остварени во 3.коло.

]]>

Најчитани вести