На последните две средби од 27.коло во Примера поуспешни гостите

По три бода освоија екипите на Малага и Рајо Ваљекано на синоќешните два натпревара со кои се комплетира 27.коло во Шпанското фудбалско првенство.

Малага на гостински терен ја совлада Осасуна со 2:0 постигнувајќи по еден гол во првото и во второто полувреме.

Многу понеизвесно беше дуелот во Сан Себастијан каде Рајо Ваљекано губеше во два наврата со 1:0 и 2:1, но на крајот стигна до значајна победа од 3:2 во борбата за опстанок.

Резултати од оваа рунда на натпреварите играни викендов: Ваљадолид – Барселона 1:0, Бетис – Хетафе 2:0, Селта Виго – Атлетико Мадрид 0:2, Гранада – Виљареал 2:0, Еспањол – Елче 3:1, Алмерија – Севиља 1:3, Реал Мадрид – Леванте 3:0 и Валенсија – Атлетик Билбао 1:1.

Табела: Реал Мадрид 67 бодови, Атлетико Мадрид 64, Барселона 63, Атлетик Билбао 51, Виљареал 44, Реал Сосиедад 43,.

]]>

Најчитани вести