Будуќност ја победи Игокеа и го остави МЗТ со шанса за 6.место

Кошаркарите на Будуќност ги задржаа шансите за пласман на „фајнл фор“ турнирот од АБА лигата откако синоќа во последниот натпревар од 23.коло на домашен терен ја совладаа Игокеа со 74:63. Резултатот по четвртини: 24:18; 15:9; 20:22 и 15:14.

Пласман на завршниот турнир има обезбедено Црвена Звезда, која со уште една победа ќе биде и првопласирана.

Со победата над директниот ривал Будуќност се изедначи со бројот на победи со Партизан и со Цибона (15-8).

За разлика од тимот од Подгорица, Игокеа со скор 12-11 има само една победа повеќе од македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром со кого се борат за 6.место кое обезбедува директен настап во Еврокупот.

Табела: Црвена Звезда 19-4 (победи – порази), Цедевита 17-6, Партизан 15-8, Будуќност 15-8, Цибона 15-8, Игокеа 12-11, МЗТ Скопје Аеродром 11-12, Мега Визура 10-13, Крка 10-13, Олимпија 9-14, Раднички 8-15, Шолнок 8-15, Широки 6-17, Задар 6-17.

]]>

Најчитани вести