Романија очекува, како и толку пати во својата историја, да види што прават другите пред да има свое мислење, идеи или решенија. Ниту руските трупи испратени на Крим, ниту пак арогантноста на Владимир Путин се во состојба да ги оттргнат за миг романските официјални претставници од внатрешните игри, и да погледнат кон иднината.
Претседателот Трајан Басеску со надменост рече дека „другите држави си ги расшетуваат министрите до Киев“, омаложувајќи ги на тој начин најмногу обидите на Пољаците да најдат дипломатско решпение за воената офанзива на Русија во Украиа. За разлика од Варшава, која ја разбира опасноста од напредувањето на русите кон запад, Букурешт е блокиран зад сопствените внатрешни порти, а државниот врв повеќе се поставува во уривање на довербата кон правосудството, отколку кон решението кое би можело да доведе до дестабилизација на регионот во кој се наоѓа земјата.
Букурешт се претвора во фаталист: она кое треба да се случи, ќе се случи вака или онака, така што која би бил смислата да се прават усилби и замисли во некоја игра во која само големите сили имаат значење. Тоа е едно провинцијално однесување на периферијата која не е во состојба да има сопствени планови и сопствени анализи во тешки моменти. За романските официјални лица се доволно гаранциите од членството во Нато и од стратегиското партнерство со САД. Романија ги нема стравовите ниту амбициите на Полска, така што може спокојно да спие под сенката на противракетниот штит, ветен од американците.
Историскиот ум на романските лидери е блокиран од триумфот на припадноста кон евроатлантското пространство, на американската фантазија и на новата идеологија на панроманизмот, кој сонува за обединување со Решублика Модова. Во таквата парадигма, Букурешт нема што да прави, треба само да чека да се избистрат водите.
Збигњев Бжежински, добриот познавач на тој регион, кој е роден во Варшава и подоцна беше советник на неколку американски претседатели, вклучувајќи го и Барак Обама, предупредува дека „ако Украина се распадне, а западот само го гледа тоа, слободата и безбедноста на Романија, Полска и на балтичките држави ќе бидат под ризик“. Бжежински настапува од најлошата хипотеза – на западот кој претпочита да седи на трибините и да остави партијата да се игра, како што се случи во 2008 година, во периодот на петдневната војна во Грузија.
Тогаш како и сега, само полските и балтичките лидери прискокнаа во помош на Грузијците. Романија остана настрана следејќи од растојание како Москва се враќа кон политиката на сила, затоа што нема ништо за заштитување, ништо за уредување, ништо за правење. На 200 км. од границата на Романија се наоѓа Приднестровјето, со советските остатоци на 14-та армија, територија која и е оставена на располагањер на Москва и која би можела да ја игра истата ролја која ја имаше Јужна Осетија во руско-грузијската војна во случај Кремљ да реши да стави точка на европскиот пат на Република Молдова.
– Како секоја држава, и Русија има во некои региони свои привилегирани интереси, објасни на крајот на петдневната војна Дмитри Медведев, тогашниот претседател на Руската федерација. Тие привилегирани интереси го оправдуваат запазувањето на влијанието на Москва над поранешното советското пространство од гледна точка на Кремљ, а западот изгледа го прифатил тој принцип врз основа на која функционира руската надворешна политика. Оттука таквиот став има врска со зависноста на големите европски сили од рускиот гас, но и со недостигот на интереси кај нив заради постојаната експанзија на Москва како кон исток така и кон запад, по доаѓањето на Владимир Путин на власт.
Русија најверојатно нема да сака да го анектира Крим, туку само да го претвори во енклава од видот на Приднестровје, кој ќе го контролира Украина, но истовремено Москва сака де факто да му ги наметне на западот своите граници, во кои само Кремљ решава што ќе се случува. Романија не изгледа притисната од тоа прерасподелување, каде влегува и Република Молдова, и затоа молчи и ја чека пресудата на историјата, без разлика дали е на страната на Русија или дали се плаши да има сопштвени решенија.
]]>


