Грабул ја мина првата пречка на Ф7 во Анталија

Најдобриот македонски тенисер Димитар Грабул успеа да ја мине првата пречка на фјучрс турнирот Анталија Ф7. Тој денеска во првото коло во поединечна конкуренција оствари победа од 7:5 и 7:6 (7:4) во гемови против Жулиен Дубе од Белгија.

Во изедначен меч Грабул освои вкупно 90 поени, а ривалот 87, но нашиот тенисер имаше еден брејк повеќе (3:2).

Инаку, ова беше четврти меч на овие двајца тенисери и со денешната победа Грабул изедначи на 2:2 во победи.

Во следното коло Грабул (6.носител) ќе игра против Германецот Максимилијан Мартерер (810.место на АТП), кој денеска со 6:1 и 6:4 го победи Шпанецот Алехандро Ибанез Гаљего.

Грабул со денешниот ривал Дубе настапува и во игра на двојки каде во четвртфиналето ќе играат против Михал Милко (Словачка) и Франко Миочиќ (Хрватска). 

]]>

Најчитани вести