Македонскиот ракометен шампион Вардар го победи Борац со 26:20 и го завери своето учество на завршниот турнир во регионалната СЕХА лига.
На средбата од 17.коло одиграна вчеравечер во Бања Лука, „црвено-црните“ до победа ги предводеше Тимур Дибиров со 9 постигнати голови, додека македонскиот репрезентативец Немања Прибак реализира 5 гола.
Со оваа победа и по нерешениот резултат на Мешков Брест на гостувањето кај Нексе 29:29, Вардар го презеде третото место на табелата.
За македонскиот шампион останува да го одигра уште натпреварот против лидерот Загреб КО во сабота во Скопје.
Денеска од 18 часот вториот наш претставник во СЕХА лигата, Металург го игра последниот натпревар (18.коло) на гости против Татран Прешов.
Табела: Загреб КО 40 бодови (17 натпревари), Татран Прешов 39 (16), Вардар 34 (17), Мешков Брест 34 (17), Металург 28 (17), Нексе 21 (17), Војводина 21 (17), Борац 12 (17), Ловќен 11 (17) и Партизан 6 (16).
]]>


