По серијата порази кошаркарите на Индијана остварија победа откако ноќеска го совладаа Бостон на домашен терен. Индијана е и натаму лидер во Источната конференција.
И двете водечки екипи од „Запад“ Сан Антонио и Оклахома Сити остварија победи. Сан Антонио го совлада Чикаго на гости, а Оклахома Сити беше поуспешна од Хјустон на домашен терен.
Резултати на ноќешните натпревари во НБА лигата: Индијана – Бостон 94:83, Чикаго – Сан Антонио 96:104, Оклахома Сити – Хјустон 106:98, Детроит – Сакраменто 99:89, Мемфис – Портланд 109:99, Минесота – Милвоки 112:101 и Голден Стејт – Далас 108:85.
Вечерва се играат 11 натпревари: Мајами – Бруклин, Орландо – Денвер, Филаделфија – Сакраменто, Торонто – Детроит, Вашингтон – Шарлот, Бостон – Њујорк, Њу Орлеанс – Мемфис, Јута – Далас, Сан Антонио – Портланд, Феникс – Кливленд и ЛА Клиперс – Голден Стејт.
Пласман Источна конференција: Индијана 47-17 (победи-порази), Мајами 44-17, Торонто 35-27, Чикаго 35-29, Вашингтон 33-30, Бруклин 32-30, Шарлт 30-34, Атланта 27-35,…
Пласман Западна конференција: Сан Антонио 47-16, Оклахома Сити 47-17, ЛА Клиперс 45-20, Хјустон 44-20, Портланд 42-22, Годен Стејт 41-24, Мемфис 37-26, Далас 38-27,.
]]>


